Поврзете се со нас

Италија

Раниери: Фановите мора да ја знаат вистината за отказот на Де Роси

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Даниеле Де Роси доби доста лош третман од Фридкин семејството и заработи отказ неколку месеци откако му беше продолжен договорот, и тоа на стартот на сезоната кога е премногу рано да се извлекуваат било какви заклучоци.

Легендарниот капитен на Рома без проблеми ги спакува куферите и си замина од клубот, но откако го направи тоа, тифозите од Рим се свртеа против капитенот Пелегрини, за кого се верува дека бил еден од тројцата играчи кои му го „подготвиле“ отказот на дотогашниот тренер.

Поради таквите гласини, навивачите на Рома на секој меч го исвиркуваат Пелегрини, но истото важи и за Манчини и Кристанте.

Во обид да го спречи ваквиот тренд на „Олимпико“, Клаудио Раниери реши да застане зад своите фудбалери, потенцирајќи дека тие во ниту еден момент не го изневериле и издале Де Роси.

– Имав двајца извонредни голгетери од средниот ред во текот на мојата кариера, а тоа се Лампард и Пелегрини. Многумина го критикуваат Пелегрини, но набројте ми играчи за врска кои постигнале голови колку него? Тука сум за да и помогнам на Рома и му го образложив мојот план.

– Тој е мирен човек кој трпи повеќе од останатите при такви шпекулации. Тој не го исфрли Де Роси од Рома, не го подготви неговиот октаз. Фановите мора да ја знаат вистината. Истото важи и за Манчини и Кристанте. Можам да ве уверам дека тие се бореа како луди за да остане, тифозите мора да ја знаат вистината, – потенцира Раниери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни