Поврзете се со нас

Англија

Рангник за играчот кој спречил да си замине од Јунајтед: Морав да гледам видеа од него на јутјуб

Објавено

на

Ралф Рангник откри дека спречил заминување на вчерашниот стрелец на натпреварот против Брентфорд, откако незнаејќи за каков потенцијал станува збор, морал да прегледува видеа на јутјуб од неговите најдобри потези.

Станува збор за младиот Антони Еланга кој вчера го отвори резултатот против Брентфорд, а кој беше стартер и на претходниот меч со Астон Вила, што доволно говори дека успеал да го воодушеви својот менаџер со талентот кој го поседува, но и залагањето на тренинзите.

– Мора да истакнам дека Еланга истапи и се покажа како добра опција уште на мојот прв тренинг во Манчестер Јунајтед. Го имав слушнато неговото име и претходно, но морав да гледам видеа од него на јутјуб во мојата хотелска соба.

– Си помислив дека ова момче е многу добро. Тој требаше да замине на позајмица, но му порачав дека нема да оди никаде, дека ќе остане тука. Неверојатно напредува на секој тренинг и многу сум среќен за него, – вели Рангник.

Еланга е еден од играчите кои се дел од првиот тим како член на Академијата на Јунајтед, а вчерашните 90 минути за него значеа првпат да одигра цел натпревар во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни