Поврзете се со нас

Европски првенства

Рангник во неверица: Турците го имаа Гордон Бенкс на голот!

Објавено

на

Foto:x.com/oefb1904

Турција е последен патник во четвртфиналето на Европското првенство и до таков успех стигна со неверојатна дефанзива во завршницата, но и страшна пожртвуваност која дефинитивно беше потребна за да се одбрани од налетите на Австрија.

Тимот на Винченцо Монтела постигна два гола и потоа се предодреди да го брани водството, а на крајот успеа во својата намера и покрај големиот број обиди на Австријците.

Голот на Грегорич донесе френтични 30 минути во самата завршница, па иако Австрија беше блиску до израмнување и продолженија, такво нешто не дозволи голманот Мерт Гунок.

Турскиот чувар на мрежата посебно воодушеви со интервенцијата во 94-та минута, по што згасна и последната надеж на Ралф Рангник и неговите избраници за четвртфинале на турнирот во Германија.

– Едноставно немавме среќа. Верувам дека ќе победевме ако мечот отидеше во продолженија. Имавме време за израмнување, но тешко е да дадете гол кога противникот на голот го имаше Гордон Бенкс!, – сликовито долови Рангник.

Бенкс беше легендарен чувар на мрежата кој и ден денес важи за еден од најдобрите голмани на сите времиња, па Ралф реши да ја спореди вонсериската партија на Гунок со незаборавниот англиски репрезентативец.

– Искрено верував дека ќе го продолжиме нашиот пат на турнирот во Германија. Сите четири меча кои ги одигравме беа многу возбудливи. Сега мораме да научиме од ова искуство и да бидеме подобри во Лигата на нации и квалификациите за Светско првенство, – изјави австрискиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни