Поврзете се со нас

Англија

Рангник со совет до двајцата незадоволни фудбалери на Манчестер Јунајтед: Треба да останат

Објавено

на

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник упати совет до двајца незадоволни членви на клубот да останат во тимот до крајот на оваа сезона.

Станува збор за голманот Дин Хендерсон и играчот од средниот ред, Дони Ван Де Бек, кои се незадоволни со својот статус на резерви на „Олд Трафорд“ па ја разгледуваат опцијата да си заминат од клубот во јануарскиот преоден рок.

И за двајцата има интерес од неколку екипи од Премиер лигата, но и од странство, и се уште не е донесена конечна одлука за тоа дали некој од нив сепак ќе си замине од клубот, макар и на привремена основа.

– Му кажав на Дин дека сакам да остане затоа што е фантастичен голман. Навистина сакам да го имам во мојот тим. Можам да го разберам дека сака да игра затоа што е во години кога секој голман треба да игра постојано, но од друга страна, ние се уште сме во игра на три фронта и ќе ни бидат потребни двајца добри голмани. Сепак, му кажав дека го разбирам дека сака да игра регуларно во некој тим од Премиер лигата, -изјави Рангник и на сличен начин го продолжи разговорот и за Дони Ван Де Бек.

– Сакам Дони Ван Де Бек да остане. Зборував со него пред две недели и го посоветував да остане овде до крајот на сезоната. Тој сака да игра на Светското првенство кое е следната зима, -заврши Рангник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни