Поврзете се со нас

Англија

Рангник се потсети на изјавата која ја даде за Јунајтед пред две години: Испадна дека бев во право!

Објавено

на

Foto:x.com/oefb1904

РАлф Рангник не се задржа долго на „Олд Трафорд“, но привремениот менаџер се чини дека даде една од најдобрите изјави за клубот во последните две години.

На прес-конференцијата која ја одржа по болниот пораз од Ливерпул со резултат 4:0, Германецот нагласи дека на Јунајтед му е потребен огромен ремонт и дека треба работите да се променат од корен, споредувајќи ја ситуацијата во клубот со тешка хируршка операција на „отворено срце“.

Две години подоцна, се чини дека Јунајтед ги има истите проблеми од времето на Рангник, па тоа му даде право на австрискиот селектор да ја искоментира својата фамозна изјава.

– Ја дадов таа изјава кога сезоната веќе беше готова, тоа беше пред две години. Веројатно поминаа само две или три недели откако на Ерик Тен Хаг му го поставија истото прашање за ситуацијата во клубот.

– Тој кажа дека мојата анализа била точна. Не знам колку играчи беа купени и се променија откако јас си заминав, но испадна дека бев во право, – вели Рангник.

Оваа изјава на австрискиот селектор ги натера англиските медиуми да се навратат на целосната изјава која ја даде Рангник во април 2022-ра година, а истата ја пренесуваме во целост:

– Не ви се потребни очила за да анализирате и да ги воочите проблемите во Јунајтед. Сега треба да се постави прашањето „Како да ги решиме“? Тоа нема да се направи со неколку минорни проблеми, нема да го решиме ова со козметички корекции. Во медицината, ваква операција би се нарекла операција на отворено срце. Ако сите во клубот утврдат дека треба да се направи нешто коренито, тогаш може ситуацијата да се реши за една година, можеби нема да требаат две или три години, – изјави тогаш Рангник.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни