Поврзете се со нас

Англија

Рангник прозва двајца играчи по дебито на клупата на Јунајтед: Не ми се допаѓаат такви додавања

Објавено

на

Foto: twitter.com/ManUtd

Ралф Рангнин беше презадоволен од тоа како изгледал неговиот тим на теренот после само еден тренинг во Карингтон центарот, но во опширното обраќање кое го имаше на прес-конференцијата, испрати јасна препорака до играчите за врска, обидувајќи се да им нагласи која работа не смеат да ја прават на теренот.

Новиот менаџер на Јунајтед имаше прилично пофални зборови за сите фудаблери, па иако тоа важеше и за Фред и МекТоминеј кои играат во средината, сепак не пропушти да нагласи што не му се допаднало кај нив двајца.

– Кога играте со четворица офанзивни играчи како Џејдон, Бруно, Роналдо и Рашфорд, многу е важно играчите од позадина да бидат дисциплинирани и да бидат проактивни и агресивни на топката.

– Фред и МекТоминеј беа речиси перфектни во одбрана и во тој поглед, но имаа две или три грешки, особено во првото полувреме.

– Не сакам хоризонтални додавања на средината на теренот, не ми се допаѓаат такви топки во такви позиции. Но, ако се гледа нивниот севкупно издание, тие беа речиси перфектни во сопирањето на противничкиот тим, – потенцира Рангник по победата над Кристал Палас од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни