Поврзете се со нас

Англија

Рангник призна дека се уште ја нема вистинската формација за Јунајтед: Направивме неколку чекори напред

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник говореше за тоа што има сработено во изминатиот период на „Олд Трафорд“.

Според Германецот, јасно се видливи некои подобрувања во играта, пред се во фазата на одбрана, која повеќе не е толку порозна како што беше во времето кога Оле Гунар Солскјер седеше на клупата на „ѓаволите“.

Рангник посочи дека тимот направил неколку чекори напред иако тој се уште не ја дефинирал вистинската формација која ќе ги дава најдобрите резултати.

– Бев свесен дека ова не може да се случи преку ноќ. Покажавме дека примаме помалку голови, но сепак станува збор за контрола на играта. Очигледно дека направивме неколку чекори напред, но работите и натаму можат да одат на подобро. Треба да ја пронајдеме најдобрата формација.

– Направивме неколку чекори напред, но не со брзината со која јас би сакал. Како тренер никогаш не сте трпеливи, секогаш сакате се брзо да се развива. Сее во резултатите од секој натпревар, а ќе видиме до каде сме и на утрешната средба, -изјави Ралф Рангник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни