Поврзете се со нас

Англија

Рангник потврди двајца стартери за дуелот со Јанг Бојс и одговори дали Јунајтед е конкурент за титулата во ЛШ

Објавено

на

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, по дебит на клупата на „ѓаволите“ во Премиер лигата, ќе го води тимот и во натпревар од Лигата на шампионите кога утре на „Олд Трафорд“ ќе се сретне со тимот на Јанг Бојс.

Манчестер Јунајтед веќе го обезбеди првото место во групата, па Рангник ќе може да го ротира составот и шанса да им даде на играчите кои не се често стартери во тимот.

Така, германскиот стратег потврди дека место во тимот ќе има за Дони ван Де Бек и Дин Хендерсон, а за очекување е од првата минута да почне и Хуан Мата.

– Да бидам искрен се уште не сум одлучил за точниот состав. Дефинитивно има смисла да одмараме неколку играчи поради набиениот распоред во следните неколку месеци.

– Наша цел е да победуваме на натпреварите, дури и ако играме со неколку нови играчи, свежи играчи, важно ќе биде да го добиеме натпреварот и дефинитивно ќе одиме да победиме.

– Дин Хендерсон и Дони ван де Бек, и двајцата ќе играат утре, во првите 11 на нашиот тим, -потврди Рангник, кој потоа одговори на прашање дали Манчестер Јунајтед може да ја освои Лигата на шампионите.

– Дали Манчестер Јунајтед може да ја освои титулата во Лигата на шампионите? Премногу е рано, овде сум само една недела и го водев тимот на само еден натпревар, но јасно е и очигледно дека ваков клуб мора да има такви амбиции, -заврши Германецот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни