Поврзете се со нас

Англија

Рангник потврди дека ќе го засили стручниот штаб со две нови лица

Објавено

на

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник потврди дека во стручниот штаб ќе му се приклучат две нови имиња.

Рангник беше оддржуван од Дарен Флечер и Кјеран Мекена кои беа негови асистенти за време на победата над Кристал Палас, но отсега ќе има нови помошници чии имиња ги дозна светската јавност во текот на вчерашниот ден кога англиските медиуми пласираа кој ќе биде „десна рака“ на Германецот.

– Нема да има многу промени во тренерскиот тим. Досега сум среќен што работам со актуелниот стручен штаб кој го запознав минатата недела и кој ми помогна многу во последните денови.

– Одлучивме да донесеме само спортски психолог во името на Саша Ленс. Тој е од Германија и порано има играно фудбал. Соработував со него три години во Лајпциг, во сезоната кога се пласиравме од Цвајте во Бундеслигата, а потоа беше во тимот на Ралф Хазенхутл.

– Се знаеме меѓусебно од тогаш и тој ќе биде промовиран пред тимот кога ќе заврши цела постапка околу неговата виза.

– Исто така ќе имам и уште еден асистент тренер, во името на Крис Армас. Крис беше асистент тренер на Њујорк Ред Булс под водство на Џеси Марш. Тоа беше пред пет години, тогаш прв пат го запознав.

– Од тогаш се среќававме многу често затоа што јас бев ангажиран од тимовите на Ред Бул, а тој беше тренер на Њујорк Ред Булс и Торонто, -заврши Рангник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни