Англија
Рангник објасни што му порачал на нервозниот Роналдо откако го извади од игра (Видео)

Бравурозните одбрани на Давид Де Хеа го оставија Манчестер Јунајтед во игра во првото полувреме, додека во вториот дел, гостите од „Олд Трафорд“ беа навистина ефектни и постигнаа три гола со кои си обезбедија тешка победа на гостувањето кај Брентфорд.
Иако конечните 1:3 не отсликуваат дека работата беше комплицирана, сите оние кои го следеа натпреварот се свесни дека Јунајтед имаше многу среќа што го имаше Де Хеа во првиот дел, што всушност и беше пресуден момент за избраниците на Ралф Рангник кој значително се поправија во вторите 45 минути.
Брзите голови на Еланга и Гринвуд го ставија Јунајтед во посакувана ситуација, но поучен од натпреварот со Астон Вила кога беше испуштено вакво водство, Рангник реши да вади играч од нападот и да ја зацврсти одбраната
Негов избор беше да го извади Кристијано Роналдо во 71-та минута и на негово место го стави Мегваер, што дефинитивно не му се допадна на искусниот Португалец кој нервозно седна на клупата за резерви.
– Единствената негова реакција беше поставено прашање: Зошто ме вадиш мене? Му порачав дека ја донесов одлуката во интересот на тимот и на клубот. Ја имавме истата ситуација пред пет дена против Астон Вила. Водевме 2:0 на 15-тина минути пред крајот и не сакав да ја повториме истата грешка.
– Решив да направам промена со пет играч во одбрана и да го ставам Рашфорд со кого добив брзо крило. Мислам дека тоа беше вистинска одлука. Секако, Роналдо не беше среќен, тој е голгетер и сакаше да остане и да постигне гол. Сепак, за нас беше поважно да бидеме компактни, да бидеме сигурни дека можеме да се одбраниме од нивните налети и центаршутеви. Кога го дадовме третиот гол, се свртев кон него и му порачав дека за неколку години може ќе биде тренер и најверојатно ќе мора да ја донесе истата одлука како мене. Не очекував да ме прегрне откако го извадив, знам како размислува прав голгетер, но го убедив дека ова го направив за доброто на тимот, – објасни Рангник.
Cristiano Ronaldo was not happy after being substituted for Harry Maguire 😳 pic.twitter.com/qwoXPEwlez
— ESPN FC (@ESPNFC) January 19, 2022
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 10 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 20 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 18 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!