Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рангник му овозможи деби на играч кој првпат потпиша за Јунајтед пред 20 години! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ралф Рангник максимално експериментираше на вечерашниот меч со Јанг Бојс во Лигата на шампионите, а покрај тоа што го искористи истиот за да им даде шанса на многу млади играчи, направи и еден потег со кој навистина го привлече вниманието.

Мејсон Гринвуд со фантастичен гол му донесе предност на Јунајтед, Ридер возврати со бравура за 1:1, но Рангник го украде шоуто во второто полувреме во кое направи пет измени.

Покрај тоа што ги стави во игра тинејџерите Менги, Шортир, Икбал и Севиџ, му овозможи и деби на играч кој првпат во кариерата потпиша за Манчестер Јунајтед уште во ерата на Сер Алекс Фергусон пред 20 години.

Том Хитон како тинејџер имаше важечки договор со Јунајтед, но сега во втората етапа во клубот, дочека деби, и тоа од искусниот германски тренер кој реши да го стави во игра во второто полувреме.

Искусниот Хитон го замени Хендерсон на голот, а до крајот на натпреварот ја сочува својата мрежа и на 35 години дебитираше на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни