Поврзете се со нас

Англија

Рангник и натаму „недостапен“, Карик останува на клупата на Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и натаму се обидува да обезбеди работна виза за новиот привремен менаџер, Ралф Рангник, а се чини дека тој може да пропушти уште два натпревара на „црвените ѓаволи“.

Англиските медиуми потврдуваат дека Германецот нема да го води тимот ниту против Арсенал во четврток, а неизвесен е и за средбата со Кристал Палас која се игра три дена подоцна.

Јунајтед го официјализираше доаѓањето на 63-годишниот стручњак, но компликациите со добивањето работна дозвола сега се надополнети со построгите протоколи во однос на заштитата од ковид-19.

Британските власти ги засилија мерките за патниците кои доаѓаат поради актуелната ситуација, па тоа го комплицира и појавувањето на Рангник на клупата на Јунајтед.

Поради ова голем број фанови прашуваат дали клубот ја донел вистинската одлука со оглед на фактот што Германецот има само шест месеци за својата привремена функција и дали можеби одлуката за отказот на Оле Гунар Солскјер е задоцнета.

Мајкл Карик сигурно ќе седи на клупата и на средбата со Арсенал, а Рангник веројатно ќе комуницира со членовите на стручниот штаб во обид да влијае на она што ќе се случува на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни