Поврзете се со нас

Свет

Рангник: Хаверц е модерна верзија на Јохан Кројф, може да…

Објавено

на

Несудениот тренер на Милан, Ралф Рангник испрати големи комплименти на адреса на неговиот сонародник Каи Хаверц кој ова лето направи голем трансфер и од Баер Леверкузен прекина во премиерлигашот Челси.

„Сините“ за него издвоија 62 милиони фунти и од него многу се очекува на „Стемфорд Бриџ“. Најдобриот меќ досега тој го одигра против Барнсли во Лига Купот каде реализираше хет-трик, а според Рангник тоа е само почеток за играчот кого го спореди со легендарниот ас на Ајакс и Барселона, Јохан Кројф.

-Не се сомневам во тоа дека ќе успее и дека во наредните две-три години ќе стане еден од најдобрите на светот. Можеби ќе му требаат неколку недели за да се прилагоди бидејќи има фантастично семејно потекло – го знам тоа затоа што се обидував да го убедам да ни се придружи во Лајпциг, но тој беше целосно посветен на Баер Леверкузен.

-Тој е еден од играчите во кој не гледам слабост во неговата игра. Тој е тип на модерен Јохан Кројф, може да постигнува голови и да дава асистенции. Може да игра како деветка или девет ипол. Не го гледам како крилен напаѓач, туку во централното подрачје на теренот, тој е исклучително вреден.

-Не се сомневам дека овој трансфер ќе се покаже како успешна приказна за Челси и за Каи, -порача Ралф за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни