Поврзете се со нас

Англија

Рангник го ангажираше дедото на Вернер, ќе се остварат ли најавите за шокантен трансфер?

Објавено

на

Новиот стратег на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник во текот на вчерашниот ден потврди две имиња кои ќе му се приклучат во тренерскиот тим и кои ќе му бидат помошници во шест и пол месечната авантура на „Олд Трафорд“.

Рангник како спортски психолог го ангажираше Саша Ленс кој соработувал со неговиот сонародник во Ред Бул Лајпциг, а бил дел и од Динамо Дрезден и Шалке 04.

Она што е интересно за Саша Ленс е тоа што е татко на долгогодишната сопатничка на Тимо Вернер кој пак е играч на Челси.

Токм Вернер се поврзуваше со шокантен трансфер на „Олд Трафорд“ веднаш откако Рангник ја презеде функцијата, а сега кога и Ленс дојде во клубот се зголемија шансите за Тимо да направи трансфер во Манчестер Јунајтед.

Германскиот напаѓач не се снајде баш најдобро на „Стемфорд Бриџ“ каде иако постојано добива прилика, ретко кога ја користи и почесто е во медиумите за неговите промашувања, отколку за добрите потези или постигнтатите голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни