Поврзете се со нас

Италија

Рамзи со искрена изјава: Ова беа две фрустрирачки сезони за мене

Објавено

на

Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување без оштета за неговиот трансфер, но не успеа да се наметне со своите игри, притоа постојано паузирајќи поради бројните повреди.

Велшанецот во своето последно интервју за магазинот „Фор фор ту“ искрено признал дека за него двете сезони во Јувентус биле многу тешки.

– Ова беа навистина фрустрирачки сезони за мене, постојано заработувајќи мали повреди и никако не успевајќи да ја вратам потребната физичка подготвеност.

– Зад мене е чуден период, дојдов повреден, постојано се обидував да се вратам во ритам, па потоа дојде пандемијата и се одново, – изјавил Рамзи.

За овој фудбалер медиумите велат дека е блиску до напуштање на Јувентус и враќање во Премиер лигата, а за него се интересираат повеќе клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни