Рамзи нема да патува со велшката репрезентација во Словачка

Ramzi-Vels

Велшкиот селектор Рајан Гигс денеска потврдил дека Арон Рамзи нема да патува со репрезентацијата на гостувањето во Словачка, каде Велшаните ќе го одиграат следниот квалификациски натпревар за ЕП 2020.

Рамзи се пожалил на мала болка на мускулот на полувремето на италијанското дерби меѓу Интер и Јувентус, па Гигс не сака да ризикува со членот на „бјанконерите“, користејќи го на двете средби.

Истовремено, селекторот се надева дека лекарскиот тим ќе даде зелено светло Рамзи да настапи на дуелот против Хрватска кој ќе се игра во Кардиф во недела.

– Нашиот физиотерапевт остана да работи со Рамзи наредните денови, се надевам ќе биде дел од тимот во недела, – изјавил денеска Гигс.

Facebook Коментари