Поврзете се со нас

Англија

Рамздејл се огласи по грешката која ја направи на кам-бекот на голот на Арсенал (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Арон Рамздејл го загуби местото на прв голман во Арсенал, но вчера застана меѓу стативите на пресметката против Брентфорд која фаворитот со доста мака ја доби со 2-1 и тоа со погодокот на Каи Хаверц во самата завршница.

Еден од трагичарите можеше да биде токму Рамздејл кој во завршницата на првиот дел направи грешка по која гостите израмнија преку Виса на 1-1, резултат кој беше активен до 86 минута.

Сепак на крајот „топчиите“ дојдоа до нов, втор гол, гол за победа, момент кој дефинитивно му донесе олеснување на англискиот интернационалец.

-Овој тим ми е во срцето. Беше тешко, ама беше посебно да се вратам. Им должам на моите соиграчи и на вас неверојатните фанови во светот за поддршката која ја добивам од недела во недела, -напиша Арон на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Ramsdale (@aaronramsdale)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни