Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос за „второто деби“ за Севилја: Ќе го паметам ова до крајот на животот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SevillaFC_ENG

Севилја го победи Лас Палмас на натпревар кој помина и во знакот на враќањето на искусниот Серхио Рамос во клубот каде ја започна својата професионална кариера.

По многу освоени трофеи со Реал Мадрид и краткиот престој во ПСЖ, шпанскиот дефанзивец се врати во Андалузија и вели дека е воодушевен од приемот кај домашните фанови.

– Беше превозбудливо да се вратам во мојот дом, повторно да играм пред моите фанови.

– Ова е уникатно чувство, не може да се опише со зборови, а и не постоеше подобар начин да се одбележи отколку со важна победа.

– На почетокот не бев сигурен, но по ваквиот прием од навивачите им кажав на родителите дека нема да го заборавам овој момент до крајот на животот, – рекол Рамос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни