Поврзете се со нас

Франција

Рамос за можноста Меси да ја освои „Златната топка“: Му ја посакувам…

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен славеше над Сент Етјен на мечот во Лига 1, средба на која Серхио Рамос го запиша своето деби во дресот на „светците“, додека пак Лионел Меси дојде до првиот хет-трик кога се во прашање асистенции.

Рамос и Меси долги години беа лути противници во Шпанија, но сега се заедно и за многумина тоа е многу чудно. Сепак ова е нова приказна и Серхио има само комплименти за Аргентинецот.

-Тој е во добра форма и мислам дека тој е играч кој навистина прави разлика. Тој е уникатен играч и привилегија е да го имам во тимот. Мислам дека малку по малку, секој од нас ќе донесе свој квалитет за да го направи Пари Сен Жермен уште поголем и да ги постигне работите што сакаме да ги постигнеме, -рече Рамос кој даде одговор и на прашањето дали сака Лео да ја освои „Златната топка“.

-Да, секако дека ќе ги бранам момците во мојот тим. Му ја посакувам сета среќа на светот, -истакна искусниот Шпанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни