Рамос со уникатен предлог по епилогот во Париз: Најдобро ќе биде за фудбалот ако Роналдо и Меси…

ramos-profil

Лионел Меси минатиот понеделник по шести пат во својата кариера ја доби „Златната топка“ и беше прогласен за најдобар играч во светот на свечената церемонија во Париз, индивидуално признание кое одново заврши во рацете на еден од Лео и Кристијано.

Лука Модриќ минатата година ја прекина тенденцијата и 10-годишната доминација во која Меси и Роналдо поделија по пет признанија, но овојпат, на врвот повторно се најде Аргентинецот кој наградата ја доби токму од хрватскиот фудбалски маестро. Како и по обичај, епилогот во Париз отвори голема дебата и добар дел од јавноста смета дека наградата требаше да заврши во рацете на фудбалер на Ливерпул (Ван Дајк или Мане), а во таа насока размислува и Серхио Рамос кој се обиде да достави и еден уникатен предлог.

– Најдобро е да направат една „Златна топка“ само за Кристијано и Меси и во зависност од нивните резултатите, да ја добива едниот или другиот. За останатите играчи, нека се подели друга „Златна топка“. Така ќе биде најдобро за фудбалот, – вели Рамос во интервјуто кое го направи за „ТУДН“.

Facebook Коментари