Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос стапна на „Писхуан“ и емотивно се распрсна по реакцијата на илјадниците навивачи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Серхио Рамос денеска ја доживеа официјалната промоција како нов фудбалер на Севилја, со што полека го заокружува враќањето во матичниот клуб по пауза од точно 18 години.

Рамос во 2005-та година направи трансфер во Реал Мадрид и прерасна во вистинска легенда на „кралевите“, но после две години минати во Париз, реши да го послуша срцето и да одбие многу пари за да се врати во Севилја.

Стоперот денеска доживеа многу емоции и се расплака додека му се обраќаше на својот татко за време на пресот, но емотивно се урна и во моментите кога стапна на теренот.

И покрај поплаките од најпознатата ултрас група „Бирис“, Рамос денеска беше пречекан од повеќе од 22 илјади фанови на Севилја, а величестевената атмосфера на „Писхуан“ си го направи своето.

Рамос се расплака кога доби стоечки овации од цел стадион, што само доволно покажува колку му значи кам-бекот во клубот од неговото детство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни