Поврзете се со нас

Свет

Рамос шокираше со однесувањето во Мексико: Зарем мислевте дека ќе поминам без црвен картон….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Rayados

Серхио Рамос донесе помалку изненадувачка одлука и прифати да игра фудбал во Мексико, земја која многу брзо се увери во дрскоста, но и агресијата која може да ја прикаже поранешниот капитен на Реал Мадрид.

Иако никој не може да ги доведе во прашање неговите фудбалски квалитети, Рамос во целата своја кариера се етикетираше како навистина доста валкан фудбалер на теренот, а таквиот статус го потврди и со 30-от црвен картон.

Рамос рано утрово го доби првиот црвен картон во својата авантура во Мексико, и тоа во ситуација кога победата на Монтереј беше обезбедена.

Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)

Стоперот поради некорентен потег и намерно шутирање доби исклучување во судиското продолжение, но Мексиканеците тврдат дека тоа требало да се случи многу порано.

Медиумите од оваа земја издвоија уште два валкани потези на Рамос од првото полувреме, односно еден боречки зафат и намерно удирање на противник во пределот на лицето.

Овие инциденти не беа уловени од страна на главниот судија, но сепак на крајот беше предвреме испратен на туширање, ситуација за која и самиот даде свој коментар.

– Важна победа против комплициран ривал на тежок терен. Сега следи време за одмор пред наредниот натпревар. Зарем мислевте дека ќе поминам без црвен картон во оваа лига, беше јасно дека ќе добијам исклучување, – во свој стил порача Рамос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни