Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос се подготвува за дербито: Ако постигнам гол на „Бернабеу“……

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Серхио Рамос не доби шанса на вистински начин да се прости од „Сантијаго Бернабеу“ кога направи трансфер во ПСЖ, но три години подоцна ќе се врати на стадионот кој беше негов втор дом и кој му буди посебни сеќавања.

Тоа ќе го направи како лидер на матичната Севилја која минува низ навистина тешки моменти и има разочарувачка сезона, а очекување е поранешниот капитен да добие посебен пречек од навивачите, но и од управта на Реал Мадрид.

Натпреварот се игра во недела во 21:00 часот, па иако Рамос вели дека не би славел постигнат гол во мрежата на „кралевите“, сепак не крие дека би бил пресреќен со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат андалузијците.

– На „Бернабеу“ ќе се чувствувам како да сум дома, минав многу години во Реал и ги минав најважните моменти во кариерата во тој клуб. Имам само извонредни спомени од навивачите и соиграчите. За мене тоа ќе биде уникатен и емотивен момент. Реал Мадрид е фаворит за сите натпреварувања секоја натпреварувачка сезона, секогаш оди да победува. Се наоѓаат во добар момент, лидер е на табелата и има извонредни фудбалери во тимот.

– Добро знаеме на кој терен ќе истрчаме во недела и ќе се обидеме да бидеме најдобри. Имам огромна почит кон навивачите на Реал и кон цел клуб, затоа нема да славам ако постигнам гол. Но, ако имам среќа да го направам тоа, ќе бидам презадоволен ако истиот биде вреден за победа. Тие три бода би ни дошле навистина добро во овие услови, – вели Рамос во интервјуто за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни