Рамос се огласи за Нејмар по првиот неуспех на Реал во новата сезона

ramos-valja

Реал Мадрид не успеа да го победи Валјадолид на домашен терен, резултат кој во секој случај се води како неуспех за „кралскиот клуб“, уште повеќе ако се знае дека тимот на Зинедин Зидан постигна водечки гол во 82-та минута.

„Кралевите“ навистинаа имаа проблем да го скршат мразот и да ја надмудрат одбраната на Валјадолид, но кога конечно успеаја да го направат тоа преку Карим Бензема, радоста на домашните фанови на „Бернабеу“ траеше само шест минути. По една наивно загубена топка на средината на теренот, гостите организираа акција по која израмнија на 1:1, резултат кој го налути и самиот Зидан кој посочи дека неговиот тим не смее да си дозволи да прими гол на таков начин.

Покрај изјавата на Зизу, големо внимание предизивка и коментарот на капитенот на тимот, кој одлучи да даде нешто поопширна изјава за Нејмар, играчот кој се поврзува со можен трансфер во шпанската престолнина.

– Секогаш сум велел и ќе повторам и сега. Нејмар е играч од светска класа, еден од тројцата најдобри играчи во светот. Сепак, зборувањето за играчи кои сега не се тука со нас, за мене значи еден вид на непочитување, а посебно за новите играчи кои дојдоа во Реал со голем ентузијазам и голема страст. Иднината ќе покаже што ќе се случи, но моето мислење за Нејмар е добро познато, – истакна Рамос.

Facebook Коментари