Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рамос се огласи по триумфот над Ливерпул: Лут сум…(ФОТО)

Објавено

на

Реал Мадрид славеше над Ливерпул со 3-1 и со тоа се стави во добра позиција пред реваншот на „Енфилд Роуд“ кој е на програмата наредната седмица.

„Кралевите“ на оваа средба не можеа да сметаат на неколку важни играчи меѓу кои и капитенот Серхио Рамос кој дуелот го проследи од трибините на „Алфредо Ди Стефано“. Камерите го фатија во повеќе наврати и повеќе од јасно е дека тој сакаше да биде на теренот, меѓутоа поради повредата ќе мора да мирува пред да им се врати на обврските.

Секако победата донесе огромно задоволство кај Серхио кој се огласи на социјалните мрежи со кратка, ама јасна порака.

-Лут сум што не бев на теренот, горд што нив ги гледам. Мојот голем Реал Мадрид, -напиша капитенот на шпанскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни