Рамос: Реал никогаш не треба да се смета за мртов, резултатот е реален

serhio

Шпанскиот великан Реал Мадрид во самиот финиш со два погодоци дојде до победата над Пари Сен Жермен и на реваншот на „Паркот на Принцовите“ ќе влезе со позитива од 3-1.

Задоволството од резултатот е големо, а тоа најдобро го покажа капитенот Серхио Рамос кој воедно испрати јасна порака до сите оние кои се сомневале во нив.

-Реал никогаш не треба да се смета за мртов. Има уште денови за паметење, нема подобар начин од овој. Важна победа пред рeваншот, мора да продолжиме вака со желба да ја одбраниме титулата. Резултатот е реален. Секоја грешка може да биде казнета и во Париз мораме да бидеме максимално фокусирани, мора да бидеме поефективни од порано.  Страдавме, играчите на ПСЖ се брзи, ама успеавме да се вратиме, -истакна Рамос.

Facebook Коментари