Рамос проговори за „заминувањето“ на Роналдо од Реал

ramos-ronaldo1

Дефанзивецот Серхио Рамос постигна два погодоци во ремито на Шпанија на пријателскиот меч против Русија (3-3), а по истиот ги искоментира наводите на дел од медиумите на Пиринеите кои пренесоа дека Кристијано Роналдо може да го напушти Реал Мадрид по крајот на оваа натпреварувачка сезона.

-Кристијано си заминува? Прашајте го него, не знам ништо за ова, -истакнал капитенот на „кралевите“.

Останува во наредните часови, денови да се огласи и самиот Роналдо за да ја разјасни дилемата за тоа дали станува збор за само гласини или пак има нешто поконкретно на таа тема.

Facebook Коментари