Свет
Рамос пристигна на медицински прегледи, тренер ќе му биде Демикелис (Видео)

Серхио Рамос беше во потрага на клуб повеќе од шест месеци откако ја заврши својата втора авантура во Севилја, па откако реши да паузира во првиот дел од сезоната, вториот ќе го стартува во Мексико.
Искусниот стопер си договори трнсфер во Рахадос Монтереј и веќе ставил потпис на преддоговорот кој ќе се активира целосно во наредните 24 часа, а доказ за тоа е присуството на Серхио во шпанската престолнина.
Рамос денеска пристигнал во Мадрид за да ги изврши потребните медицински прегледи, по што ќе отпатува во Мексико за докомплетирање на зделката.
Поранешниот капитен на Реал на присутните новинари им потврдил дека ги договорил сите услови за трансфер во мексиканскиот клуб, каде ќе има можност да ја дели соблекувалната со Серхио Каналес и Оливер Торес, но каде тренер ќе му биде легендарниот Мартин Демикелис.
Рамос на овој начин ќе ја има првата фудбалска авантура надвор од Европа, бидејќи досега ги бранеше боите на два шпански клуба (Севилја и Реал) како и на еден француски (ПСЖ).
🎥 Sergio Ramos, cazado
🇲🇽 El defensa está listo para su aventura en Rayados
🏥 Está pasando en estos momento reconocimiento médico con su nuevo club en la clínica Olympia Quirón Salud
⚽ @jdelriomuradas pic.twitter.com/37eoVBSaD9
— MARCA (@marca) February 3, 2025
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…