Рамос позираше покрај џиновско шпанско знаме (Видео)

ramos-levante

Серхио Рамос денеска до своите фанови сподели видео во кое гордо го покажа џиновското шпанско знаме поставено на една висококатница во близина на тренинг центарот на Реал Мадрид, Валдебебас.

– Видете што најдов додека го шетав кучето на овој специјален ден за државата, – напиша Рамос мислејќи на големото шпанско знаме вредно 15.000 евра и со површина од 731 квадратен метар и националниот празник кој денеска го прославуваше Шпанија.

Очекувано дел од каталонските медиуми сметаат дека ова било мала провокација за фановите на каталонскиот ривал Барселона, но Рамос не ни сакаше да коментира такви обвинувања.

🇪🇸#FiestaNacional

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos) on

Facebook Коментари