Поврзете се со нас

Свет

Рамос потврден во новиот клуб, избра број на дрес кој ги налути фановите на Атлетико

Објавено

на

Фото: https://x.com/rayados

Серхио Рамос ќе ја продолжи кариерата во Мексико и официјално е потврден како засилување за екипата на Монтереј.

Шпанскиот дефанзивец потпишал едногодишен договор со мексиканскиот состав, кој за него е прв клуб по Севилја, екипата чиј дрес го носеше во сезоната 2023/24.

Тренер на Рамос ќе му биде поранешниот аргентински репрезентативец Мартин Демикелис, а Монтереј во моментов е на десеттото место на табелата во домашното првенство.

Рамос го избрал бројот 93, во чест на голот кој го постигна во 93. минута, на дуелот против Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во 2014 година. Тогашниот член на Реал успеа да израмни во судиското надополнување, за подоцна неговиот тим да слави со 4:1 во продолжението и да го освои трофејот.

Шпански „АС“ очекувано пренесе дека потегот, односно изборот на број на дрес од страна на Рамос е сфатен како провокација во фан базата на Атлетико Мадрид.

Дефанзивецот ја започна кариерата во Севилја, а по 16 години во Реал Мадрид се пресели во ПСЖ, по што повторно за кратко се врати во матичниот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни