Рамос постави нов рекорд во шпанското првенство

ramos-leganes

Серхио Рамос и денеска му помогна на Реал Мадрид да извојува нова победа во шпанското првенство, но истовремено влезе и во историјата на лигата со еден нов (анти)рекорд.

Дефанзивецот на „кралскиот клуб“ денеска го заработи 163. жолт картон во Ла Лига, со што постави апсолутен рекорд во оваа категорија, а рекордниот картон ќе му донесе и суспензија за следниот натпревар на кој Реал за противник ќе го има Алавес.

Досегашен сопственик на рекордот за жолти картони бил Алберто Лопо, а како потсетување, Рамос веќе е сопственик и на рекордот за најмногу црвени картони во Ла Лига (19).

Facebook Коментари