Рамос: Порано имаше поделби, но сега владее неверојатна атмосфера во соблекувалната

serhio

Реал Мадрид се подготвува за натпреварот против Ливерпул, а капитенот Серхио Рамос денеска во својата изјава зборувал за актуелната ситуација во екипата, потенцирајќи ја одличната атмосфера и мотивација во екипата предводена од Зинедин Зидан.

Рамос призна дека во минатото имало поделби во соблекувалната на Реал, но сега работите се поинакви.

– Порано можеби имавме поделби во соблекувалната, но сега владее навистина одлична атмосфера. Нема егоа, нема себичност на поединци, колективните победи се и индивидуални победи, – истакнал Рамос.

Дефанзивецот вели дека ова финале носи и големо значење за оваа генерација.

– Ние сме екипа која може да биде запаметена како легендарна, како династија. Бројките го потврдуваат тоа, играме четврто финале во последните пет години, – потенцирал Рамос.

Facebook Коментари