Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос подбрал две ѕвезди на клубот поради нивното слабо залагање на теренот

Објавено

на

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е играчот кој е миленик на фановите на „кралскиот клуб“ поради своето залагање и придонесот кој го има за овој тим.

Искусниот стопер со сигурност ќе биде запишан како еден од најдобрите играчи во историјата на овој клуб, а во овој момент е апсолутен лидер на четата предовдена од Зинедин Зидан.

Дека има лидерски предиспозиции говори и последната случка која од соблекувалната на клубот. Како што пренесува „Дејли Мејл“ поврзувајќи се на извори од Шпанија, Рамос со висок тон се обратил кон две ѕвезди на клубот поради нивното слабо залагање на натпреварите.

Станува збор за ни помалку ни повеќе туку искусните Марсело и Иско кои го имаат можеби и најлошиот почеток на сезоната во своите кариери.

И Иско и  Марсело добија доволно прилики за докажување од Зинедин Зидан оваа сезона, но засега истите не ги користат, па Рамос како капитен морал да реагира и пред сите да побара поголемо залагање од играчите.

„Кралевите“ киксираа на уште еден натпревар од Лигата на шампионите одигрувајќи само реми со тимот на Борусија Мехенгладбах (2:2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни