Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос незадоволен од опремата на Реал: Човекот што го дизајнирал ова во Адидас, треба да биде отпуштен (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Реал Мадрид очигледно се доста невнимателни додека зборуваат пред камерите, па во низата на „уловени“ играчи се најде и Серхио Рамос по Иско Аларкон и Карим Бензема.

За време на „Ел Класико“, Иско беше фатен на дело како се жали за минутажата која ја добива од тренерот Зинедин Зидан, додека француски „Телефут“ ова утро ги објави зборовите на Карим Бензема со кои јасно се пожали за себичната игра на Винисиус Жуниор.

Додека Иско и Бензема изразија незадоволство за луѓе кои се дел од тимот, капитенот Рамос се осврна на една сосема поинаква тема, изразувајќи јасно разочарување од тренинг опремата на Реал за Лигата на шампионите.

Рамос без влакна на јазикот му порача на Модриќ дека опремата на Реал е ужасна, а тоа го уловија камерите на телевизијата „Куатро“.

– Оној што ја дизајнирал оваа опрема на Адидас, треба да биде отпуштен….., – вели капитенот на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни