Рамос со неочекуван и зајадлив коментар по победата во Минхен: Еден тренер со години беше во Мадрид и никој не го критикуваше!

ramos-pokazuva-munich

Реал Мадрид повторно е на еден чекор од големо финале во Лигата на шампионите откако изминатава вечер си обезбеди супер поволен резултат за ревашнот со Баерн Минхен, но на сета еуфорија која завладеа меѓу играчите на европскиот шампион, Серхио Рамос почувствува дека е правилниот тајминг за да се испрати една неочекувана и зајадлива порака до својот стар „пријател“.

Запрашан за тоа како играчите реагирале на критиките кои ги добиваше Зинедин Зидан во изминативе месеци, Рамос одлучи да го „поздрави“ Жозе Мурињо, тренер кој мора да се напомене дека уживаше во навистина голема поддршка од шпанските медиуми.

Иако не го именуваше, повеќе од јасно е дека Рамос индиректно го прозва Мурињо, а покрај тоа имаше и коментар за сите оние кои посакуваат Реал Мадрид да губи во Лигата на шампионите.

– Тренерите на Реал Мадрид секогаш ќе бидат доведувани во прашање, иако имаше еден кој беше во Мадрид многу години и никој не го критикуваше. Што се однесува до се почестата омраза, кога еден тим победува толку пати во Лигата на шампионите, кога се гледа како Реал победува толку многу пати, тоа кај луѓето генерира нешто спротивно од емпатија. Сепак, тоа нас нема да не декоцентрира, – порачува Рамос.

Facebook Коментари