Рамос не се откажува: Ќе продолжиме да се бориме за титулата во Примера

ramos

Реал Мадрид успешно го реши заостанатиот меч против Леванте во Примера остварувајќи триумф од 3-1 со кој се искачи на третата позиција на табелата, а воедно ја намали разликата во однос на лидерот Барселона на 14 бодови.

Овој резултат како и неколкуте успеси во низа донесоа нова енергија кај „кралевите“, па капитенот Серхио Рамос порача дека тој и соиграчите се уште не се откажале од одбраната на трофејот во Шпанија и ќе се борат за истиот до самиот крај.

– Овие победи секогаш помагаат во кревањето на моралот. Без разлика на лошите резултати ова е патот кој треба да го следиме. Ги свртивме работите и ги остваруваме нашите цели малку по малку. Ќе продолжиме да се бориме во Ла Лига и ќе се обидеме да ја намалиме бодовната разлика. Ќе продолжиме да се подобруваме и ќе се обидеме да примаме колку што може помалку голови, -рече Рамос.

Facebook Коментари