Рамос не му дозволи на Родриго да постави апсолутен рекорд во ЛШ, социјалните мрежи „еруптираа“ (Видео)

ramos-penal

Младиот Родриго Гоеш се претвори во вистинска сензација во стартната постава на Зинедин Зидан во последно време, а дека станува збор за специјален талент ни потврди и оваа вечер, кога неговиот почетен блесок му овозможи на Реал Мадрид да го нокаутира Галатасарај уште во воведниот дел од мечот.

Осумнаесетгодишниот тинејџер постигна два гола во 4-та и 7-та минута, а со оглед на тоа што за Реал беше досуден пенал во 14-та минута, младиот Бразилец беше пред голема шанса да постави историски рекорд во најелитното натпреварување. Ако добиеше дозвола од капитенот да го изведе пеналот и доколку го реализираше истиот, Родриго ќе станеше најбрз стрелец на три гола во историјата на Лигата на шампионите со само 18 години, но сепак Серхио Рамос имаше други планови и реши самиот да го изведе пеналот кој го претвори во гол со маестрална „паненка“.

За волја на вистината, дури и големите фанови на Реал Мадрид од трибините на „Бернабеу“ го скандираа името на Родриго пред да биде изведен пеналот, но Рамос не одлучи да ги послуша и си ја заврши својата работа онака како што најдобро знае. Иако беше прецизен, фактот што не му дозволи на својот млад соиграч да постави историја предизвика безброј реакции на социјалните мрежи, а во продолжение ви ги приложуваме најсмешните мемиња…

Facebook Коментари