Рамос не го пронајде својот наследник во елитниот фудбал, но издвои едно име од кого многу очекува во иднина

ramos-delegat

Серхио Рамос одработи ексклузивен разговор со легендарниот Иван Заморано под покровителство на познатиот спортски канал „ТУДН“, а капитенот на Реал Мадрид го искористи истиот за да испрати неколку интересни порака во светската јавност.

Стоперот на „кралскиот клуб“ даде еден интересен предлог за тоа како треба да се доделува „Златната топка“, но од Заморано доби и едно навистина специфично прашање поврзано за талентираните централни дефанзивци кои надоаѓаат во светскиот фудбал. Незаборавниот чилеански напаѓач го запраша Рамос дали може да го пронајде и да го истакне неговиот наследник во елитниот фудбал, при што Рамос одлучи да издвои еден стопер од кого очекува многу во иднина.

– На крајот од краиштата, споредбите никогаш не се добри. Секој треба да биде свој и да биде добар како што знае. Во Реал Мадрид имаме многу добри млади играчи во школата, секогаш е важно да вадите играчи од школата. Што се однесува до трансфер пазарот, таму секогаш постојат добри играчи кои можат да ве засилат. Според мене, Де Лихт е стоперот со неверојатна и најголема проекција. Потребно му е искуство, но тој е играч од кој многу очекувам во иднина, – вели Рамос.

Facebook Коментари