Поврзете се со нас

Франција

Рамос не го криеше задоволството по првата средба со Мбапе (Фото)

Објавено

на

Серхио Рамос го дочека Килијан Мбапе со отворени раце, откако младиот напаѓач одлучи предвреме да го заврши летниот одмор и порано од очекуваното да се врати на тренинзите.

Француските медиуми информираа дека младата ѕвезда ќе го доработи договорот со „светците“ и ќе остане уште една сезона во Париз, пред да направи дефинитивен трансфер во Реал Мадрид и да си го оствари животниот сон со облекување на белиот дрес на „кралскиот клуб“.

Во меѓувреме, Мбапе ќе продолжи да ужива во животот во Париз, кој во новата сезона ќе биде уште повозбудлив со оглед на огромните засилувања кои ги донесе клубот во летниот преоден рок.

Донарума, Хакими, Вајналдум и Рамос се супер засилувања за Покетино, а токму искусниот стопер не го криеше воодушевувањето што ќе може да игра со најголемата младата фудбалска ѕвезда во Франција.

– Тука е Париз, – гласи пораката на Рамос под фотографијата, која всушност е позната по навивачката песна на парижаните од „Паркот на принцовите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни