Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос на заминување од Севилја: Го вратив долгот кон Пуерта, Рејес и мојот татко

Објавено

на

Foto:x.com/SevillaFC

Серхио Рамос пред девет месеци повторно го облече дресот на Севилја со голема желба и ентузијазам да се докаже во матичнит клуб, но неполна година подоцна, стана јасно дека двете страни ќе ја официјализираат втората разделба.

Шпанскиот клуб уште вчера соопшти дека искусниот стопер одлучил да си замине и да стана слободен агент, но поради неговото минато во Севилја, денеска достојно беше испратен со прес-конференција.

Легендарниот капитен на Реал Мадрид се наоѓа пред крстопат во кариерата и треба да одлучи кои ќе биде следен чекор, но вели дека ќе му биде многу полесно да го направи тоа откако го вратил долгот поради внатрешниот немир кој го имал во себе.

– Со враќањето во Севилја го вратив долгот кој го имав кон Пуерта, Рејес, мојот дедо и мојот татко. Се вратив во Севилја за да им оддадам почит на нив. Со враќањето покажав дека севилјизмот е вкоренет во мене и мислам дека ја остварив целта. Си одам со високо подигната глава и со остварена цел.

– Почувствував нешто што го немав почувствувано од почетокот на мојата кариера. Севилјизмот е во моите вени, па иако веќе нема да бидам тука, секогаш ќе му стојам на располагање на клубот. Имав отворена рана со фановите на Севилја и мило ми е што ми простија и што ме пречеекаа со љубов и со почит. Си одам од тука како што дојдов пред девет месеци, без да зборувам за пари. Ми овозможија шанса да продолжам со подобри услови, но решив да преземам друг чекор. Одлуката за заминување е чисто моја, – изјави Рамос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни