Поврзете се со нас

Свет

Рамос му испрати порака на Варан по заминувањето од Реал: Ако се сретнеме на теренот како противници….(Фото)

Објавено

на

Серхио Рамос и Рафаел Варан долги години беа сигурни столбови во одбраната на Реал Мадрид, а сега двајцата во ист преоден рок решија да стават крај на незаборавното патешествие кое го имаа во шпанската престолнина.

Капитенот Рамос беше прв што беше ослободен и тој потпиша договор со ПСЖ, додека пред два дена, Рафаел Варан беше најавен како големо и звучно засилување за Манчестер Јунајтед.

Досегашните колеги избраа сосема поинакви дестинации за следен чекор во кариерата, па Рамос сега го искористи својот Инстаграм профил за да му испрати порака на блискиот пријател.

– Сакан Рафа, само можам да ти кажам благодарам за овие изминати години во пријателство, партнерство и успеси. Ти посакувам се најдобро во твојата нова етапа која сигурно ќе биде возбудувачка, – му порача Рамос, кој го искоментира и евентуалниот дуел кој би го имале на теренот.

– Доколку се сретнеме, секој ќе ги брани боите на тимот од својата земја, нели?, – шеговито му порача Рамос со оглед на тоа што тој потпиша за клуб во родната земја на Варан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни