Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос испрати посебен „поздрав“ до Барселона: Треба да бидат самокритични и да ја бараат вината….

Објавено

на

Серхио Рамос се етаблираше како еден од најдобрите пеналџии во светот и покрај тоа што игра како стопер, па така денеска одново ја направи клучната разлика на натпревар кој го играше Реал Мадрид.

„Кралевите“ повторно победија минимално во Примера, а на втор натпревар по ред, капитенот беше прецизен реализатор на најстрогата казна со која Реал оствари значаен триумф на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Како по навика во последно време, остварениот триумф на Реал не мина без полемики и корекции на ВАР системот, а бидејќи се повеќе во јавноста се појавуваат натписи дека судиите му помагаат на тимот кој го предводи Зинедин Зидан, Рамос почувствува потреба да се огласи на оваа тема по дуелот на „Сан Мамес“.

– Нема да ја освоиме Ла Лига благодарие на судиите. Оние кои не успеаја да ги остварат своите цели, треба да бидат самокритични и вината да ја бараат во својот состав, – порача Рамос со што директно ги прозва луѓето од Барселона.

– Не треба да им фалат судиите поради тоа што сме први на табелата. Судиите не направија ништо клучно, разликата ја правиме ние на теренот, – посочи капитенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни