Поврзете се со нас

Светски првенства

Рамос испрати моќна порака по елиминацијата на Шпанија од СП

Објавено

на

Серхио Рамос не беше повикан од Луис Енрике за настап на СП во Катар, па голем број шпански фанови сметаат дека и тврдоглавоста на селекторот му се одмаздила во моментите кога на селекцијата и требале повеќе искусни фудбалери и докажани лидери.

Шпанците ги промашија трите пенали на дуелот со Мароко во осминафиналето и ќе се вратат дома порано од очекуваното, а Рамос денеска испрати моќна порака во која воопшто не го споменува својот актуелен статус во националниот тим.

– Денеска повеќе од кога било, горд сум на знамето, горд сум на мојата земја и горд сум на фудбалерите.

– Шпанија не загуби, туку Шпанија научи лекција. Шпанија паѓа, се тетерави, но станува и продолжува да ги води другите.

– Ќе се вратиме и ќе се вратиме посилни, напред Шпанија, – напиша Рамос во својата порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни