Рамос испрати капитенска порака по турбуленциите во националниот тим и отказот на Лопетеги (ФОТО)

ramos

Селекцијата на Шпанија важеше за еден од главните Топ 3 фаворити за титулата на Светското првенство во Русија, но пред самиот старт на мундијалот „црвената фурија“ минута низ неочекуван турбулентен период кој заврши со отказ на селекторот Хулен Лопетеги и назначување на Фернандо Јеро за предводник на репрезентацијата.

Како ова ќе влијае врз целиот тим и резултатите останува да видиме, но охрабрувачка и капитенска порака по овие настани упати Серхио Рамос кој преку својот Твитер профил порача:

-Ние сме националниот тим, ние го претставуваме грбот, нашите бои и нашата земја. Нашата одговорност и посветеност се со вас и за вас. Вчера, денес и утре, заедно. Напред Шпанија, -напиша дефанзивецот на Реал.

Facebook Коментари