Поврзете се со нас

Франција

Рамос им го најавил следниот клуб на досегашните соиграчи

Објавено

на

Разделбата на Реал Мадрид и Серхио Рамос ги разочара фановите на шпанскиот клуб, но значи и можност за повеќе клубови да се борат за искусниот дефанзивец.

Изминатите денови се шпекулираше дека шпанскиот играч може да се пресели и во Рома за да соработува со Жозе Мурињо, но „Кадена КОПЕ“ тврди дека Рамос има поинаков план.

Според овој медиум, дефанзивецот е најблиску до преселба во редовите на ПСЖ, еден од ретките клубови кои можат да ги исполнат неговите финансиски апетити, а наводно Рамос тоа веќе им го најавил на досегашните соиграчи.

Овој извор најавува сериозно засилување за ПСЖ во обидот конечно да ја освои Лигата на шампионите, а претходно е договорен и италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума.

Рамос последната сезона имаше проблеми со повреди, а поради тоа не е дел и од шпанската репрезентација на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни