Рамос го впери прстот по шокантниот пораз од Бетис: Не ме чуди што ни го прават ова (Видео)

ramos-lahoz

Серхио Рамос беше крајно разочаран и доста директен по шокантниот пораз кој го претрпе Реал Мадрид од екипата на Бетис, но покрај слабата и лоша реализација, капитенот на „кралевите“ причината за поразот ја побара и кај главниот судија Лахоз кој смета дека немал храброст да му покаже пенал на тимот од шпанската престолнина.

Посебно спорна беше ситуацијата во првото полуверме кога Марсело беше срушен во противничкиот шеснаесетник од страна на Хави Гарсија, момент кој поранешниот најдобарр шпански судија во изјава за домашните медиуми го окарактеризира како прекршок за 11 метри. Токму на ова алудираше и Рамос по крајот на мечот, но со доста голема иронија заклучи дека воопшто не го чуди што судиите не му свират пенали на Реал Мадрид како што тоа е случајот со Барселона.

– Колку повеќе и почесто зборуваме за судиите, испаѓа дека е многу полошо за нас. Треба да се почитуваат судите и да пробаме да заборавиме на ова. Најдобро е да се држиме до нашата игра, колку повеќе се наоѓаме во центарот на вниманието, толку работите одат против нас. Не ме чуди што ни го прават ова, не ме изненадува што не ни судат пенали, а на Барселона постојано и судат. Сепак, ако ги искористевме нашите шанси и постигневме три гола сега немаше да зборуваме за ова, – истакнал Рамос по крајот на средбата на која Реал Мадрид ја прекина и неверојатната серија од 73 меча на кои постигнуваше голови.

Facebook Коментари