Поврзете се со нас

Франција

Рамос го постигна првиот гол во дресот на ПСЖ и бурно прослави на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Објавено

на

ПСЖ ја оправда фаворитската улога против Ремс и славеше со комотни 4:0, натпревар кој најмногу ќе се памети по голот кој го постигна Серхио Рамос.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид имаше тежок старт на авантурата во Франција, но откако ги санираше сите проблеми со повредата, сега повторно изгледа како играчот кој беше лидер во „кралскиот клуб“.

Ремс долго одолеваше во првиот дел и беше скршен дури пред крајот на првиот дел со голот на Верати, но работите беа доста поразлични во вторите 45 минути.

Серхио Рамос добро ја следеше ситуацијата и дочека еден отпадок за водство од 2:0, а колку му значи овој гол најдобро говори бурната реакција која ја имаше.

До крајот, Фаес си постигна гол во својата мрежа за 3:0, а конечниот резутлат го постави Данило на 15 минути пред крајот. Лионел Меси беше резерва на оваа средба, а шанса доби во последните 25 минути заменувајќи го Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни