Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рамос го откри клучот за историската одбрана на титулата во ЛШ: Зидан стави посебен акцент на едно нешто

Објавено

на

blank

Крајот на мај и почетокот на јуни вообичаено е термин во кој се играат финалињата во Лигата на шампионите, но бидејќи оваа година тоа нема да се случи, УЕФА не заборава да потсети на најдобрите завршни натпревари од блиското минато.

Денеска се навршуваат точно три години од големиот успех кој го оствари тимот на Зинедин Зидан во 2017-та година, момент кога Реал Мадрид стана првиот тим кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ таа вечер во Кардиф по 12-ти пат во историјата го освоија трофејот во најелитното натпреварување, откако во големото финале го победија Јувентус со убедливи 4:1, иако претходно првото полувреме беше крајно израмнето и заврши 1:1.

Марио Манџукиќ со одличен гол го неутрализираше голот на Роналдо, но Реал во вториот дел комплетно доминираше и со три погодоци ја одбрани титулата во Европа.

– Знаевме дека ќе биде многу тешко, дека не чека многу тешко финале, натпревар со Јувентус. Имавме на ум да ја освоиме третата титула во Лигата на шампионите во последните четири години, а првпат да ја одбраниме титулата. Тоа беше огромен плус при подготовката и мотивацијата.

– На полувремето, Зидан стави посебен акцент на тоа да имаме контрола врз играта, да им ја украдеме топката и да имаат што помалку акции во нашата половина. Поради респектот кој го имавме, во првиот дел не вршевме притисок горе, но во вториот дел, тоа беше клуч за да им ја одземеме топката и да воспоставиме контрола. Почнавме да додаваме, да имаме трпение и да не брзаме. На крајот, го остваривме тоа што го сакаше тренерот. Славјето беше големо поради потврдата на шампионската генерација, тоа беше трета титула за мене во елитата, – вели Рамос за УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни