Поврзете се со нас

Лига на нации

Рамос го надмина Буфон и постави важен европски рекорд

Објавено

на

Серхио Рамос вечерва очекувано се најде во стартниот состав на Шпанија за средбата со Швајцарија од Лигата на нации.

Овој негов нов настап за „фуријата“ му носи и европски рекорд, кој дополнително ќе го подобрува и кој веројатно нема да биде соборен за краток период.

За Рамос вечерашниот е 177. настап за шпанската репрезентација, со што капитенот на Реал Мадрид го остави зад себе Џиџи Буфон, кој во минатото беше рекордер меѓу европските фудбалери според бројот на настапи за националниот тим.

Рамос дебитираше во шпанскиот состав во 2005 година и петнаесет години подоцна стигна до 177 настапи, притоа постигнувајќи и 23 голови за неговата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни