Рамос го исмеа Роналдо на тренингот на репрезентацијата на Шпанија (Видео)

ramos-vaskez

Пред два дена на Мундијалот во Русија се играше натпреварот помеѓу Португалија и Шпанија, а на спротивните страни се најдоа Роналдо и неколку колеги од таборот на Реал Мадрид.

Португалецот беше најдобар поединец на средбата постигнувајќи три погодоци, а првиот дојде од пенал. Најпрво Начо го фаулираше Роналдо во казнениот простор, а потоа најдобриот фудбалер на светот со лесна реализација донесе водство за својата репрезентација.

На тренингот на Шпанија после тој натпревар, Серхио Рамос се исмеваше со својот тимски колега, па го одглуми Роналдо и неговиот пад покрај Начо.

Facebook Коментари